
Компанијата „Идеа“ денес ги отвора вратите на уште еден продажен објект во Белград, што ќе се простира на површина од 60 квадратни метри, а на купувачите ќе им нуди асортиман од околу 1.600 артикли за секојдневна употреба.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Идеа" денес ги отвора вратите на уште еден продажен објект во Белград, што ќе се простира на површина од 60 квадратни метри, а на купувачите ќе им нуди асортиман од околу 1.600 артикли за секојдневна употреба.
Покрај „зелен пазар", продавницата содржи и одделенија за деликатесни производи, месарница и пекарница. Денес сите купувачи ги очекуваат бројни изненадувања, а сè до петок, 15-ти март, секоја 50-та сметка во продавницата ќе биде бесплатна, најавуваат од „Идеа".
„Идеа" денес има 164 малопродажни објекти ширум Србија, девет центри за големопродажба и над 4.500 вработени.