
Пиварницата во Тузла пушти во употреба современа линија за пакување пијалаци во ПЕТ-амбалажа, инвестиција вредна околу 1.300.000 евра и најави голема инвестиција до крајот на годинава
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пиварницата во Тузла пушти во употреба современа линија за пакување пијалаци во ПЕТ-амбалажа, инвестиција вредна околу 1.300.000 евра.
Новата опрема е дел од големиот инвестициски зафат на комапнијата за оваа година, со кој досега беа опфатени реконструкција и проширување на поризводствените капацитети, асфалтирање на кругот на компанијата и беше вграден модерен резервоар за CO2 со поголем капацитет.
Со гордост можам да кажам дека станицата за CO2 е најсовремената во БИХ и ги исполнува сите стандарди на Европската унија. Од друга страна, имаме најсовремена опрема со која ќе добиеме комплетна линија за ПЕТ-програма. Со неа се пакуваат најразлични производи, од пиво и минерална вода до сокови со разни вкусови. Секако, тука се изработуваат и производи што заминуваат надвор од границитена БИХ, вели директорот на „Пивара Тузла", Фахрудин Салиховиќ.
Во првиот квартал од оваа година пиварницата вложи повеќе од 250.000 евра, а до крајот на годината е предвиден преоект во вкупен износ од 2.600.000 евра.