
Компанијата „Планинка“ од Куршумлија, Република Србија, пушти во употреба нова линија за полнење за брендот „Пролом вода“, со капацитет од 13.200 шишиња на час.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Планинка" од Куршумлија, Република Србија, пушти во употреба нова линија за полнење за брендот „Пролом вода", со капацитет од 13.200 шишиња на час.
Како што соопшти директорот на компанијата, Радован Раичевиќ, станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра, со најсовремена опрема за полнење шишиња од 1,5 и од 0,5 литри.
Околу 27 отсто од производството на „Пролом вода" се пласира на меѓународниот пазар, кој го опфаќа просторт од Австралија до Америка и Русија.
Поради поволните својства на оваа вода за човечкиот организам, во аптеките во Русија водата се продава како лековита, а нејзините својства ги истражува тим од еминентни руски експерти.
Покрај производството на вода, кое изнесува 50 милиони литри годишно, „Планинка" е сопственик и на „Луковска бања".