
Првиот и единствениот синџир дрогерии во Црна Гора „Куќа хемије“, на 25 декември го отвори новиот објект во Биело Поле, на адреса „Улица слободе“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Првиот и единствениот синџир дрогерии во Црна Гора „Куќа хемије", на 25 декември го отвори новиот објект во Биело Поле, на адреса „Улица слободе".
Новата дрогерија е 17-ти објект на овој трговски центар во Црна Гора. На површина од повеќе од 150 квадратни метри современо уреден простор, распоредени се повеќе од 10.000 производи – средства за лична хигиена и декоративна козметика, средства за одржување на домаќинството, хартиена конфекција, програма за бебиња, детска храна, играчки... Во објектот моментално работат 9 луѓе.
Долгогодишниот успех го должиме на целосната насоченост кон потрошувачите и препознавањето на нивните желби и потреби. Новата дрогерија во Биело Поле е токму одговор на нивните барањата за современ концепт, голем избор и реномирани брендови. Најдобар доказ за тоа се големиот број на лојални потрошувачи од Подгорица, Никшиќ, Котор, Цетиње, Бар, Будва, Улцин..., рече Весна Вуковиќ, директор на маркетинг во компанијата.
Во дрогеријата „Куќа хемије" потрошувачите можат да добијат стручен совет, предлог, помош при изборот или начинот на користење, за што е задолжен професионалниот и секогаш љубезен персонал на дрогериите, се наведува во соопштението на компанијата.