
Хемиската индустрија „Невена Лесковац“ почна со производството на новата колекција за бебиња Kosili.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хемиската индустрија „Невена Лесковац" почна со производството на новата колекција за бебиња Kosili.
Како што на прес-конференцијата изјави Милан Миљковиќ, генерален директор на „Невена", експертите од таа компанија во соработка со странските колеги, работеа цела година на креирањето и создавањето автентични производи.
„Невена" ги унапредува производите за најмладите, а резутатот е создавање формула што води до развој на збогатената колекција за бебиња, позната под името Kosili, рече тој.
Новата колекција опфаќа шампон, купка, млеко и масло за тело, пудра и сапун. Овие денови почна и првиот извоз за странските потрошувачи. Беше најавено дека месечниот извоз на новите производи од „Невена" ќе изнесува околу 130 илјади евра.
Бугарската компанија „Булцвет" ја купи „Невена" во 2007 година, а Агенцијата за приватизација ја поништи приватизацијата во 2010 година, бидејќи сопственикот не ги почитувал обврските кон договорот.