
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле Бугарија“ ја отвори обновената линија за производство на единствениот чоколаден десерт Kit Kat Double Caramel, што ќе се произведува само во Бугарија и ќе се извезува во државите од целиот свет. Инвестицијата е вредна 6,5 милиони евра, пренесуваат бугарските медиуми.
„Нестле Бугарија" ја отвори обновената линија за производство на единствениот чоколаден десерт Kit Kat Double Caramel, што ќе се произведува само во Бугарија и ќе се извезува во државите од целиот свет. Инвестицијата е вредна 6,5 милиони евра, пренесуваат бугарските медиуми.
Линијата беше прогласена за отворена на официјалниот настан што се одржа на 26 јуни во фабриката за чоколадни десерти и бисквити на „Нестле Бугарија" во Софија.
Во последните десет години компанијата инвестираше 75 милиони евра, а во периодот од 2012 до 2013 година инвестицијата изнесуваше речиси 18 милиони во земјата, рече Хуан Карлос Пералехо, извршен директор на „Нестле Бугарија".
Од 2007 година фабриката во Софија е еден од трите најголеми центри за производство на Kit Kat во Европа. Околу 70% од производството е наменето за извоз во повеќе од 35 земји во Европа, Канада и Австралија.
Секоја секунда во светот се консумираат по 150 чоколада Kit Kat, од кои секое 14-то е произведено во Бугарија, додаде Мартин Крон, директор на фабриката.