
„Неопланта“ планира реализација на уште еден вреден проект – изградба на нова фарма за свињи во Ченеј. Капацитетот на фармата е 75.000 свињи за гоење, во што ќе биде вложено повеќе од 30 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Неопланта" планира реализација на уште еден вреден проект – изградба на нова фарма за свињи во Ченеј. Капацитетот на фармата е 75.000 свињи за гоење, во што ќе биде вложено повеќе од 30 милиони евра.

Извршниот директор на „Неопланта", Слободан Василиќ, истакна дека компанијата продолжува со инвестирање. Според него, компанијата ја чува лидерската позиција на пазарот и се труди да ги унапредува деловните резултати.
Минатата година отворивме 50 работни места, а во текот на минатите три години тој број надмина 150 нововработени. Во иднина нѐ очекуваат нови вредни проекти, како и изградба на новата фарма за свињи во Ченеј, најави Василиќ.
Тој истакна дека една од најголемите инвестиции во минатиот период беше насочена кон модернизација на производството, каде е инвестирано 20 милиони евра.
Благодарение на таа инвестиција, денес имаме погон за производство на месни преработки што сигурно е еден од најмодерните во Србија, а веројатно и во регионот, додаде Василиќ.