
Продавницата нуди голем избор на прехранбени производи од реномирани производители, како и производи од приватната трговска марка Spar.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавницата нуди голем избор на прехранбени производи од реномирани производители, како и производи од приватната трговска марка Spar.
Во општина Назарје, претпријатието „Панатоп" во соработка со „Шпар" - Словенија, на 12 јули ја отвори новата франшизна продавница „Шпар партнер".
Објектот се простира на 300 м², има модерен изглед и паркинг-простор од 25 возила. За квалитетната услуга и пријатно искуство при купувањето се грижат шест вработени.
Франшизната продавница нуди голем избор на прехранбени производи од реномирани производители, како и производи од трговската марка на Spar. Посебен фокус е на свежата програма, односно понуда на свежо печен леб и печива, широка палета на овошје и зеленчук, каде акцентот е ставен на словенечките производи, а застапен е голем избор на различни видови меса и сирење.