
Со почетокот на производството во новата фабрика за преработка на месо на компанијата „Месопромет“ создадена е можност за 70 нови вработувања.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со почетокот на производството во новата фабрика за преработка на месо на компанијата „Месопромет" создадена е можност за 70 нови вработувања.
Привршува изградбата на фабриката за преработка на месо на компанијата „Месопромет" во Биело поле. Со почнувањето на производството во современиот простор од 5.000 квадратни метри, создадена е можност за 70 нови вработувања, но и понатамошен развој на сточарските производи од Север, преку системот на откуп и на кооператива.
Станува збор за еден од петте проекти што досега се финансирани од средствата на развојниот фонд на Абу Даби.
Сопственикот на „Месопромет" Хилмија Франка истакнува дека посебен поттик за реализација на оваа инвестиција е тоа што кредитните услови беа исклучително поволни.
Ова е добар проект. Ги завршивме грубите работи и во тек е опремувањето. Годишниот капацитет на производство на финалните месни производи ќе биде 1.500 тони, изјави Франка.
Тој истакна дека фабриката е во крајната фаза и очекува почнување на производството до крајот на годината.