
Со новиот објект, вкупниот број на дрогерии „Лили“ се зголеми на 137, а 125 од нив во своите рамки влкучуваат и аптеки.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Земунската населба Алтина ја доби новата дрогерија со аптека „Лили", на улицата „Угриновачка", бр. 212.
Со новиот објект, вкупниот број на дрогерии „Лили" се зголеми на 137, а 125 од нив во своите рамки влкучуваат и аптеки. Првата дрогерија „Лили" беше отворена 2003 година.
Големо внимание за присутните на денот на отворањето предизвика Сузана Манчиќ, која се дружеше со потрошувачите и ја потпишуваше својата најнова книга. Специјално изненадување за најмладите посетители беше и појавувањето на пејачката Сара Јовановиќ, која дополнително „ја вжешти" атмосферата.