
БИПА, познат австриски синџир на дрогерии, ја отвори својата 52 по ред продавница во Хрватска. Новоотворената БИПА се наоѓа во Славонски Брод во новиот трговски центар „Сити Колосеум“ и воедно е третата продавница БИПА во овој град.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
БИПА, познат австриски синџир на дрогерии, ја отвори својата 52 по ред продавница во Хрватска. Новоотворената БИПА се наоѓа во Славонски Брод во новиот трговски центар „Сити Колосеум" и воедно е третата продавница БИПА во овој град.
Новата БИПА се простира на 253 квадратни метри.
Во БИПА достапни се преку 8.000 производи од меѓународните трговски марки, квалитетни мејк-ап производи, производи за нега на телото и средства за домашна хигиена, како и производи за секојдневна употреба.
До крајот на оваа година БИПА планира да има вкупно 65 продавници, а во рамките на плановите до крајот на 2020 година, БИПА на хрватскиот пазар ќе има вкупно 120 дрогерии.