
Во следниот период 89 малопродажни објекти „Меркатор“ во БиХ ќе го добијат визуелниот идентитет на „Конзум“, откако на 1 септември „Агрокор“ стана сопственик на „Меркатор“, потврдено е за порталот klix.ba од оваа компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во следниот период 89 малопродажни објекти „Меркатор" во БиХ ќе го добијат визуелниот идентитет на „Конзум", откако на 1 септември „Агрокор" стана сопственик на „Меркатор", потврдено е за порталот klix.ba од оваа компанија.
Промената на визуелниот идентитет веќе почна, а првиот објект што го промени својот изглед е најстариот „Меркатор" во БиХ, што се наоѓа на ул. „Ложионичка улица" во Сараево, а свеченото отворање на овој објект се случи вчера.
Да потсетиме, по завршувањето на јавната понуда за купување на преостанатите акции на „Меркатор", „Агрокор" од 1 септември стана сопственик на 80,75 отсто од акциите на „Меркатор".
Со оваа историска трансакција успешно е завршена втората фаза на спојување на овие две компании, со што „Агрокор", како нов сопственик на „Меркатор", ја потврди својата пазарна позиција како во малопродажбата во БиХ, така и во регионот.
Купувачите од споменатите продавници секојдневно ќе имаат можност да изберат производи од богатата понуда на „Конзум" што ќе бидат достапни по најповолни цени, а во понуда ќе бидат и најдобрите акции, нагласуваат од „Конзум".