
Со отворањето на уште еден продажен објект во Кикинда, „Универекспорт“ обезбеди 25 нови работни места. Објектот се наоѓа на ул. „Светосавска“ бр. 26.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со отворањето на уште еден продажен објект во Кикинда, „Универекспорт" обезбеди 25 нови работни места. Објектот се наоѓа на ул. „Светосавска" бр. 26.
Жителите на Кикинда, на 2 јули имаа можност да пазаруваат во продажниот објект од 600 квадратни метри. „Универекспорт" нуди широк асртиман на производи кој го сочинуваат свежо месо и преработки од месо од домашни фарми што во рок од 24 часа пристигнуваат на полиците во маркетот. Достапно е и месо од мангулица, рибарница, одличен избор на здрава храна, како и свежо овошје и зеленчук и леб и бели печива.
Наплатата во маркетот се остварува на четири каси. По отворањето на „Универекспорт" трговецот најави акциски намалувања, а своите плаќања може да ги одложат на 180 дена, без оглед на износот на купеното.
Компанијата „Универекспорт", која на пазарот во Србија работи веќе 25 години, заедно со зависните правни лица има над 120 малопродажни објекти, вработува повеќе од 2.500 луѓе и во својот асортиман има над 600 производи од своите приватни трговски марки.