
Австриската компанија „Имофинанз“ ќе почне со изградба на третиот трговски парк „Стоп.Шоп“ во Ваљево.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Австриската компанија „Имофинанз" ќе почне со изградба на третиот трговски парк „Стоп.Шоп" во Ваљево.
Овој проект го обележува следниот чекор во проширувањето на трговските паркови во Србија, по отворањето на првиот објект во Чачак минатата година и вториот во Ниш, што наскоро ќе биде отворен.
Изградбата на паркот во Ваљево е почнат во ноември 2015 година, а отворањето на овој парк се очекува оваа пролет.
Успехот од отворањето на првиот трговски парк „Стоп.Шоп" во Чачак и идните планови за отворање на нови објекти, се засновани на јасното уверување дека овој пазар има голем потенцијал. Имајќи го предвид тоа, одлучивме да инвестираме околу 7 милиони евра и да го изградиме третиот трговски парк во Ваљево. Како и во сите објекти „Стоп.Шоп" и во овој ќе понудиме познати меѓународни и национални малопродажни синџири. Планот за наредните три до четири години е изградба на осум до десет дополнителни објекти во Србија, изјави Дајтмар Рајндл, извршен директор на компанијата „Имофинанз".
Продажниот центар во Ваљево ќе има продажен простор од околу 6.100 квадратни метри и 170 паркинг места.
Засега, портфолиото на трговските паркови „Стоп.Шоп" опфаќа 53 локаци во седум земји (Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка, Словенија, Полска и Србија.