
Новиот хипермаркет „Томи“ во хрватскиот град Водице, на улицата Кирил и Методиј, бр. 11, беше отворен на 18 мај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот хипермаркет „Томи" во Водице, на улицата Кирил и Методиј, бр. 11, беше отворен на 18 мај.
Со отворањето на новиот хипермаркет, беа овозможени 40 вработувања. Тоа е втор продажен објект на трговецот во Водице и 13. во Шибенско-книнската жупанија, каде што „Томи" вработува повеќе од 230 работници.
Новиот објект, на продажна површина од 805 квадратни метри, располага со посебни оддели – гастрономски, деликатесен, за овошје и за зеленчук, месарница, рибарница и пекарница, кои се дел од богата понуда, што ја сочинуваат повеќе од 11.000 производи.
Од компанијата истакнуваат дека за да им овозможат на купувачите попријатно и поедноставно пазарување, при опремувањето на продавницата биле користени современи технолошки решенија и посветиле особено внимание на уредувањето на ентериерот.
Трговскиот синџир „Томи" активно ја спроведува стратегијата на општествено одговорно работење, па по повод отворањето на новиот хипермаркет, донираше 20.000 куни (речиси 2.700 евра) на основното училиште во Водице за воведување безжичен интернет, стои во соопштението на трговецот.