
Во петокот „Била“ го отвори својот 14-ти супермаркет во трговскиот центар „Бан“ во Загреб.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во петокот „Била" го отвори својот 14-ти супермаркет во трговскиот центар „Бан" во Загреб.
Овој супермаркет е од помал формат со продажна површина од 350 метри квадратни, во кој работат 24 луѓе, а во рамки на продавницата се наоѓа и посебно одделение за свежо месо.
Во понудата има и свеж леб и бели печива, свежо овошје и зеленчук, како и други производи од асортиманот прехрана. Одделението за деликатес секојдневно нуди и свежо зготвени оброци. Во понудата се и производите на трговската марка Clever, што ја произведуваат хрватски компании.