
Во Крижевци е отворен „Супер Конзум“ продавница во рамките на трговскиот центар „Крижевци“, на ул. „Тадија Смичиклас“ 5а.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Крижевци е отворен „Супер Конзум" продавница во рамките на трговскиот центар „Крижевци", на ул. „Тадија Смичиклас" 5а.
Во новоотворениот објект, со вкупна површина од 1.260 квадратни метри, вработени се 28 работници. „Супер Конзум" на потрошувачите им нуди широк асортиман на производи со акцент на понудата на свежо овошје и зеленчук од домашно потекло, пекарница со секојдневно свежи печива и леб, месарница и деликатеси.
Во рамките на новата продавница се наоѓа и одделението гастро со дневна понуда на различни готови јадеања, кои се подготвуваат на лице место.
Новиот објект располага со осум каси, а во рамките на продажниот центар на купувачите на располагање им се 115 паркинг-места.
Трговскиот центар „Крижевци", во кој освен новиот „Супер Конзум" се наоѓаат и дополнителни содржини, се наоѓа на атрактивна локација, километар од ценатрот на градот.