
Трговскиот синџир „Шпар“ на 24-ти октомври го отвори првиот супермаркет во Чаковец, што се наоѓа во рамки на трговскиот центар „Галерија Север“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Шпар" на 24-ти октомври го отвори првиот супермаркет во Чаковец, што се наоѓа во рамки на трговскиот центар „Галерија Север".
Новиот објект се простира на површина од над 1.200 квадратни метри, а во него се вработени 39 луѓе. На потрошувачите на располагање им се скоро 10.000 производи од прехранбениот и непрехранбениот сектор, со посебен акцент на локални производи.
Во опремувањето на објектот користена е Full LED расвета што штеди до 15% електрична енергија. Освен тоа, топлинската енергија што ја ослободуваат разладните системи ќе се користи за греење топла вода и догревање на продажниот простор.