
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Шпар“-Словенија, во центарот на Марибор, на плоштадот „Слобода“ бр.6, отвори нова продавница „Шпар сити Марибор – Флорјан“ Ова е втора продавница од овој тип во Словенија, по првата што е отворена во ноември 2012 година во Љубљана.
Компанијата „Шпар"-Словенија, во центарот на Марибор, на плоштадот „Слобода" бр.6, отвори нова продавница „Шпар сити Марибор – Флорјан" Ова е втора продавница од овој тип во Словенија, по првата што е отворена во ноември 2012 година во Љубљана.
.jpg>)Новиот „Шпар сити" отворен е на почетокот на јуни и засега е 93 објект на синџирите „Шпар" и „Интершар".
Инвестицијата во опремување на објектот изнесува 800.000 евра. Вкупната квадратура на објектот опфаќа повеќе од 536 м², а за квалитетната понуди и пријатна атмосфера се грижат 18 вработени.
„Шпар сити" е помал тип на продавница, која на купувачите секојдневно им овозможува брзо купување. Името кажува дека е приспособена на брзиот начин на живеење во градовите. Иако е помала, на потрошувачите им нуди разновиден и квалитетен избор на храна и на други производи, соопшти трговецот.
По повод отворањето, компанијата „Шпар"-Словенија донираше 4.000 евра на регионалното здружение Црвен крст во Марибор за летување на децата, а претпријатието М.Х.У (инвеститор) донираше 2.000 евра на Хуманитарното здружение „Жвижгач" за помош на луѓето.
На отвoрањето, освен претставници на компанијата „Шпар"-Словенија беше присутен градоначалникот на Мaрибор Андреј Фиштравец.