
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со новиот систем овозможено е собирање бодови веќе од 10 куни наместо досегашните 35, а се добиваат за сите видови плаќања. Сите поволности на Pika можат да се користат во продавниците на „Меркатор“ во пет држави од регионот, соопштено е од овој синџир.
Со новиот систем овозможено е собирање бодови веќе од 10 куни наместо досегашните 35, а се добиваат за сите видови плаќања. Сите поволности на Pika можат да се користат во продавниците на „Меркатор" во пет држави од регионот, соопштено е од овој синџир.
Од 1 февруари, компанијата „Меркатор" воведува значајни промени во врска со картичката Pika, што се однесуваат на крајните потрошувачи. Од сега и купувањето во помали количества ќе носи бодови – секои 10 куни, наместо досегашните 35, носи еден бод. Бодовите се добиваат за сите видови плаќања, во што е вклучено плаќањето и со дебитна и со кредитна картичка, а зелената и златната Pika се вооедно и платежни картички со кои може да се купува на одложено или на рати, додека сината картичка е бонитетна картичка за собирање бодови.
Со Pika овозмжено е плаќање на 12 рати без камати во продавниците на „Интерспорт", „Модиана" и „М Техника", како и дел од асортиманот во „Меркатор" и „Гетро".
Во подготовката на овој проект ги проценивме трошоците на четричлено семејство, кое купувајќи во „Меркатор", во „Гетро" и/или во останатите продавници на Групацијата, во текот на година со користењето на картичката Pika може да заштеди 2.000 куни. Картичката Pika од своето основање е првата меѓународна трговска картичка во регионот на југоисточна Европа со чие користење во продавниците на „Меркатор" во петте земји во регионот се остваруваат бројни поволности и заштеди за корисниците, истакна Леа Марцијуш од секторот за односи со јавноста во „Меркатор-Х".