
Компанијата „Хенкел“ најави дека на 25 ноември ќе почне со работа новиот производствен погон за Bref во фабриката во Крушевац.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел" најави дека на 25 ноември ќе почне со работа новиот производствен погон за Bref во фабриката во Крушевац.
Најновата повеќемилионска инвестиција во фабриката за Bref е од големо значење, како за „Хенкел", така и за стопанството во Србија, со оглед на тоа што со оваа инвестиција ќе бидат отворени и значителен број на работни места, истакнаа од компанијата.
Како што е најавено, на отворањето на новиот погон ќе присуствуваат Александар Вучиќ, претседател на Владата на Србија, Бруно Пиаќенца, член на управниот одбор на компанијата „Хенкел" и извршен директор на секторот детергенти и производи за домашна хемија, Гинтер Тумзер претседател на „Хенкел" за централна и источна Европа, Матиас Трен директор за производство за секторот детергенти и производи за домашна хемија за централна и источна Европа и Војкан Мариќ директор на фабриката „Хенкел" – Србија.