
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот производно-дистрибутивен центар на компанијата „Гомекс“ е отворен за работа во индустриската зона „Југоисток“, во Зрењанин. Објектот се простира на површина од 4.800 квадратни метри, со 1.100 квадратни метри производно-дистрибутивен простор. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 1.5 милиони евра.
Новиот производно-дистрибутивен центар на компанијата „Гомекс" е отворен за работа во индустриската зона „Југоисток", во Зрењанин. Објектот се простира на површина од 4.800 квадратни метри, со 1.100 квадратни метри производно-дистрибутивен простор. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 1.5 милиони евра.
Во текот на втората половина од минатата трговска година, компанијата „Гомекс" ја почна реализацијата на проектот за изградба на центар за производство и дистрибуција на специфична стока, како месни и млечни производи, што бараат строги услови за чување и манипулација. Проектните дистрибутивни капацитети на центарот изнесуваат околу 3,5 илјади тони сувомеснати производи и околу 1.000 тони свежо пакувано месо, на годишно ниво.
Разладниот центар ќе има многу важно место во работењето на трговскиот центар „Гомекс". Најзначајната придобивка за компанијатасо почнувањето на работата на овој дистрибутивен центар е новата можност во целост да се контролира квалитетот на производот до крајниот потрошувач, како и стварање на целосна слика за потребите на потрошувачите.
За потребите на овој центар „Гомекс" вработи околу 30 нови работници.