
Карстен Херап Кристенсен е именуван за нов претседател на Управниот одбор на „Карлсберг-Хрватска“ и е одговорен за Хрватска и Унгарија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Карстен Херап Кристенсен е именуван за нов претседател на Управниот одбор на „Карлсберг-Хрватска" и е одговорен за Хрватска и Унгарија.
Во Хрватска доаѓа од позицијата потпретседател за интернационални премиум брендови на групацијата „Карлсберг" каде од 2009 година управувал со портфолијата на производите Tuborg, Kronenbourg 1664, Somersby и Grimbergen.
Во периодот од 2007 до 2009 година бил потпретседател за маркетинг и развој на бизнисот во регионот на југоисточна Европа, а пред тоа работел на различни управувачки должности на пазарите од Источна Европа.
Повеќегодишното менаџерско искуство го стекнал работејќи за „Лореал", „Мастерфудс" и „Проктер & Гембл", а во 2004 година се приклучува на групацијата „Карлсберг". Роден е во 1968 година во Данска. Магистрирал меѓународна економија во Британија.