
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Петар Богосављевиќ од здружението „Движење на потрошувачите“ објави дека од почетокот на април стапува на сила новиот Правилник за декларирање, според кој на производите треба да бидат напишани најзначајните информации за потрошувачите.
Петар Богосављевиќ од здружението „Движење на потрошувачите" објави дека од почетокот на април стапува на сила новиот Правилник за декларирање, според кој на производите треба да бидат напишани најзначајните информации за потрошувачите.
Секако, тоа се називот на производот, производителот и земјата на потекло, земјата од каде што производот е увезен, состојки, адитиви, технолошки процес на производство, како и предупредувачки информации за одредени категории на потрошувачи, рече Богосављевиќ.
Тој додаде дека информациите треба да бидат истакнати со посебни букви и бројки и дека треба бидат на лесно забележливи места.
Исто така, треба да се напишани и посебните упатства за потрошувачите, цена, рок на употреба на производот, истакна Богосављевиќ.
Значајна новост во овој Правилник е што, освен на декларациите на пакуваните прехранбени производи, алергените треба да бидат истакнати и во менито во угостителските објекти.