
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од октомври групацијата „Карлсберг “ - Србија има нов маркетинг-директор. Оваа значајна функција ја презеде Срѓан Поповиќ. Поповиќ својата 25-годишна кариера во маркетингот ја градеше стекнувајќи знаења и искуства во најголемите корпорации во Србија и во странство.

Од октомври „Карлсберг Србија Груп" има нов маркетинг-директор. Оваа значајна функција ја презеде Срѓан Поповиќ. Поповиќ својата 25-годишна кариера во маркетингот ја градеше стекнувајќи знаења и искуства во најголемите корпорации во Србија и во странство.
Срѓан Попивиќ образованието го заврши во Лондон и во Париз, а својата професионална кариера ја почна во маркетинг-агенцијата „Греј Груп", а понатамошниот професионален развој го продолжи во фармацевтскиот сектор во компанијата „Глаксо Смит Клајн" во Париз. Во текот на 2004 година, Поповиќ доаѓа во Србија, во „Кока-Кола Хеленик" на позиција маркетинг-менаџер. По една година преминува во компанијата „Имлек" на позицијата директор за маркетинг, каде што останува осум години. Неговиот најзначаен придонес е повторното лансирање на брендот Moja Kravica, што денес е меѓу двата најомилени бренда, како и лансирање на брендовите Balans и Bello.
Се радувам што на местото на еден многу важен сектор ќе имаме човек што своите квалитети двојно ги докажа. Сигурни сме дека со искуството вештините на Срѓан и со заедничките напори ќе го направиме „Карлсберг Србија Груп" уште подобар и поефикасно ќе одговори на барањата на своите потрошувачи, изјави Габор Бекефи, генерален директор на „Карлсберг Србија Груп".
На позицијата директор за маркетинг, Срѓан Поповиќ дојде по заминувањето на Андре Жак.