
Претпријатието „Генеза“ од Војводина, што работи со увоз и извоз на широк асортиман прехранбени суровини, на неодамна отворениот логистички центар обележа 20 години од успешно работење.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претпријатието „Генеза" од Војводина, што работи со увоз и извоз на широк асортиман прехранбени суровини, на неодамна отворениот логистички центар обележа 20 години од успешно работење.
Како што истакнуваат од компанијата, складиштето се простира на вкупна површина од 2.500 квадратни метри и досега претставува најмодерно и најефикасно складиште во целиот регион што нуди европски стандард за складирање за компаниите од балканскиот регион.
Капацитетот на логистичкиот центар изнесува 2.500 палетни места, за складирање на повеќе од 1.500 тони стока. Нуди можност за складирање на температура што е во согласност со амбиентот, како и одвоени комори со температура од -20 C°.
Името „Генеза", стекнато во долгогодишна трговија, синоним е за квалитет и гаранција за успешно и сигурно работење, порачуваат од претпријатието.