
Хипермаркетот на фирмата КТЦ, на ул. „Михановиќева“ бр.9, на 21 ноември ги отвори вратите на бројните купувачи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хипермаркетот на фирмата КТЦ, на ул. „Михановиќева" бр.9, на 21 ноември ги отвори вратите на бројните купувачи.
На продажен простор од 3.000 квадратни метри, на местото на поранешен „Меркатор", КТЦ понуди голем асортиман на прехранбени производи, пијалаци, средства за чистење, козметика, текстил, цвеќе, производи за домашни потреби, детска опрема, аудио-видео опрема, бела техника и мали апарати за домаќинството и многу други производи.
Во хипермаркетот вработени се 32 луѓе, а вкупната инвестиција сè уште не е позната, бидејќи вложувањата не се завршени.
Ова е трет хипермаркет на оваа хрватска компанија, која во својот состав има и 20 супермаркети, низа специјализирани продавници, четири хотели, 17 ресторани и седум бензиски пумпи.
Успешното работење на компанијата го потенцираше и претседателот на управата Иван Катавиќ.