
Ален Црнковиќ е именуван за комерцијален директор на „Молсон Корс“ за пазарот Босна и Херцеговина, соопштено е од „Загребската пивара“, што работи во составот на „Молсон Корс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ален Црнковиќ е именуван за комерцијален директор на „Молсон Корс" за пазарот Босна и Херцеговина, соопштено е од „Загребската пивара", што работи во составот на „Молсон Корс".
Ален Црнковиќ во „Загребска пивара" почнува да работи од 2006 година на позицијата менаџер на клучните купувачи од „АВТ Интернационал", бргу напредува до позицијата национален менаџер на клучните купувачи, на која го водеше тимот менаџери одговорни за клучните купувачи на малопродажниот хрватски пазар и на оваа позиција се задржува до новото именување.
Црнковиќ на позицијата национален менаџер за клучните купувачи во „Загребската пивара" го заменува Анте Панџа.