
„Кауфленд“ ги отвори вратите на новата продавница за купувачите во Загреб, на ул. „Загрепска цеста“, бр.136.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Кауфленд" ги отвори вратите на новата продавница за купувачите во Загреб, на ул. „Загрепска цеста", бр.136.

На повеќе од 2.500 квадратни метри се наоѓаат повеќе од 20.000 различни производи. Потпаролот на „Кауфленд" Дубровко Кушец нагласи дека повеќе од 70% од прехранбените производи се од домашно производство, а за повеќе од 2.500 производи „Кауфленд" гарантира дисконтно ниски цени. За потребите на овој објект отворени се повеќе од 180 нови работни места.
Во рамките на оваа, 33-та продавница достапни се повеќе од 180 паркинг-места, а во рамките на објектот функционираат различни специјализирани продавници: Хрватската лотарија, цвеќарница, менувачница, месарница, фризерски салон и угостителски објект.
По повод отворањето на објектот, „Кауфленд" додели две донации: 20.000 куни за детската градинка „Петар Пан" и 10.000 куни за „Здружението Европа Донна".