
„Карго-партнер“ ќе почне со изградба на модерен ИнфоЛогистички центар во близина на аеродромот во Љубљана.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карго-партнер" ќе почне со изградба на модерен ИнфоЛогистички центар во близина на аеродромот во Љубљана.
Меѓународната транспортна и логистичка компанија „Карго-партнер" ќе почне со изградба на логистички центар, проект кој е дел од стратешката инвестиција на компанијата за ширење на капацитетите за складирање. Новиот ИнфоЛогистички центар ќе се простира на 25.000 м² и ќе содржи повеќе од 20.000 палатни места.
Објектот ќе биде сместен во близина на аеродромот во Љубљана. Со 44 рампи за камиони, објектот ќе биде добро опремен за дневни преземања и дистрибуција на производи од и до околните места, истакна директорот на „Карго-партнер" во Словенија, Виктор Кастелиќ и додаде дека: Нашиот нов ИнфоЛогистички центар е одраз на зголемената побарувачка и на нашата посветеност на словенечкиот пазар. Задоволни сме и со тоа што го проширивме тимот на вработени од 100 на 130 луѓе.
„Карго-партнер" неодамна отвори ИнфоЛогистички центар од дрво во седиштето на компанијата во Фишаменд, Австрија, со вкупна површина од 12.200 м², како и ИнфоЛогистички центар во Софија, на површина од 16.500 м². Двата центра почнаа со работа оваа пролет.