
„Хофер“ го отвори својот 74-ти објект во Словенија. Новата продавница се наоѓа на адреса „Палих бораца“, бр. 11а во Толмин.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Хофер" го отвори својот 74-ти објект во Словенија. Новата продавница се наоѓа на адреса „Палих бораца", бр. 11а во Толмин.
Новиот „Хофер", чијашто изградба почна во август, се простира на околу 1.350 квадратни метри, од кои продажната површина зазема 900 квадратни метри. Потрошувачите ќе бидат услужувани од четири каси, а во продавницата ќе се вработат меѓу 6 и 12 работници, колку што изнесува вообичаениот број на вработени во објектите на „Хофер".
Новост во продавницата претставуваат свежите пекарски производи на „Хофер". На денот на отворањето за потрошувачите беа обезбедени посебни подароци, попусти и акции.