
Со желбата да биде поблиску до своите потрошувачи, трговскиот синџир „Хофер“ – Словенија продолжува да ја шири својата продажна мрежа отворајќи го 76. продажен објект во Крањ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со желбата да биде поблиску до своите потрошувачи, трговскиот синџир „Хофер" – Словенија продолжува да ја шири својата продажна мрежа отворајќи го 76. продажен објект во Крањ.
Објектот што се наоѓа на ул. „Смледнишка цеста" бр. 27 е со модерен дизајн и се простира на околу 1.350 квадратни метри, од кои 900 квадратни метри се продажен простор.
На купувачите на располагање им се четири каси, а за услугата се грижат 12 вработени. Обезбеден е и паркинг-просотр.
Трговецот најави отворање на ови објекти во текот на оваа година.