
Новиот хипермаркет „Томи“, 188-от објект на овој трговски синџир, се простира на 1.100 квадратни метри.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот хипермаркет „Томи", 188-от објект на овој трговски синџир, се простира на 1.100 квадратни метри.
web.jpg>)
Новиот објект, отворен на почетокот на јуни, се наоѓа на лесно достапна локација, на ул. „Каменар" бр.2ф. Во него се обезбедени нови 32 работни места.
Сите купувачи во новиот хипермаркет, освен од врвните деликатеси и богатата гастрономска понуда, ќе бидат воодушевени и од секојдневно свежите производи: месо, овошје, зеленчук, риба, леб и бели печива. Во рамките на хипермаркетот потрошувачите ќе можат да уживаат во производите и пијалаците на пекарницата „Бобис" и на современо опремениот кафе-бар.
На посетителите на располагање им се 77 бесплатни паркинг-места и дополнителни 4 паркинг-места за лицата со посебни потреби.
На денот на отворањето, „Томи" организираше многубројни поволности за сите потрошувачи, како награди, акциски цени, програма за лојалност итн.