
Во рамките на шопинг-паркот „Супернова“ во Загреб, трговскиот синџир „Шпар – Хрватска“ го отвори осмиот хипермаркет „Интершпар“ во Загреб и седумнаесеттиот во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на шопинг-паркот „Супернова" во Загреб, трговскиот синџир „Шпар – Хрватска" го отвори осмиот хипермаркет „Интершпар" во Загреб и седумнаесеттиот во Хрватска.
Шопинг-паркот „Супернова" се наоѓа на улицата „Веќеслав Хољевац" број 62. Со отворањето „Шпар" ја потврди свoјата силна позиција во главниот град. Во новата продавница очекуваме голем број купувачи од Велика Горица, што е шести по ред град по големина во Хрватска, се истакнува во соопштението.
Хелмут Фензл, претседател на управата на „Шпар – Хрватска", вели дека „Шпар" бележи константен пораст од почетокот на работењето во Хрватска, оценувајќи дека причината за успехот е во континуираната партнерска соработка со доставувачите, како и во квалитетот на услугата и производите.
Трговецот исто така наведува дека при опремувањето на хипермаркетот „Интершпар" големо внимание е посветено на заштедата на енергија и чувањето на околината. Се користи ЛЕД-осветлување, а отпадната енергија на разладниот систем и опрема ќе биде користена за загревање и ладење на просторот.
Со хипермаркетот се отворени околу 100 нови работни места.