
Новиот објект „Гомекс“ во Старчево отворен е на 9 декември. Ова е 140. објект во малопродажната мрежа на трговецот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот објект „Гомекс" во Старчево отворен е на 9 декември. Ова е 140. објект во малопродажната мрежа на трговецот.

Форматот на продавницата е минимаркет и располага со простор од 120 квадратни метри. По завршувањето на обуката во тренинг-центарот на „Гомекс", во новиот минимаркет се вработени осум работници. Во објектот се достапни месарница, оддел за овошје и зеленчук, за млеко и млечни производи, а на располагање се две каси. Минимаркетот е уреден според стандардите на трговецот, а во него потрошувачите можат да пазарат од достапниот асортиман од 3.000 производи.
Особено сме горди што и во оваа продавница ќе имаме можност на нашите потрошувачи да им понудиме многу производи од приватните трговски марки на „Гомекс": 1/1, Uvek treba, Panoni, Kvak и Graničar. Реакциите на оние што се уверија во високиот квалитет и достапните цени на месото и месните производи од линијата Graničar се исклучително позитивни, што ни дава добар сигнал дека купувачите од овој објект ќе имаат слично искуство како и другите, соопштија од „Гомекс".