
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Џон Киритсис(на сликата) е именуван за нов генерален директор на компанијата „Делез“ за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чија замена е во рамките на структурните и кадровските промени во Југоисточна Европа, што стапуваат на сила од 15 јули.

Џон Киритсис (на сликата) е именуван за нов генерален директор на компанијата „Делез" за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чија замена е во рамките на структурните и кадровските промени во Југоисточна Европа, што стапуваат на сила од 15 јули.
Од тој датум досегашниот генерален директор на компанијата „Делез" за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Давид Вандер Схурен станува виш потпретседател за директна набавка и развој на приватните трговски марки за Југоисточна Европа со седиште во Грција.
На неговото место доаѓа Џон Киритсис кој ја извршуваше функцијата генерален директор на операциите на „Делез" во Грција. Киритсис е роден во Грција, а поголемиот дел од својот живот го минува во Јужна Африка. Дипломирал финансии на Универзитетот во Јужна Африка, а во групацијата „Делез" се вработува во 1993 година, каде што работи на повеќе извршни позиции во Европа и Индонезија.
Групацијата „Делез" потсетува дека оваа година планира отворање на 150 нови продавници во Србија, Грција, Романија, Бугарија и Индонезија, во исто време потсетувајќи дека „Делез" Србија веќе ја почна изградбата и на големиот дистрибутивен центар во Стара Пазова.