
Членовите на управниот одбор на „Перутнина Птуј “, на седницата одржана кон средината на јануари, едногласно ја потврдија одлуката на собранието, според која управувањето со компанијата го презема Тибор Шимонка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Членовите на управниот одбор на „Перутнина Птуј ", на седницата одржана кон средината на јануари, едногласно ја потврдија одлуката на собранието, според која управувањето со компанијата го презема Тибор Шимонка.
| Поранешниот и новиот генерален директор на „Перутнина Птуј" Роман Гласер и Тибор Шимонка, на примопредавањето на должностите |
Новата управа, покрај Шимонка, ја сочинуваат Вјачеслав Корчагин, Роман Гласер и Тоне Чех.
Најголемо влијание врз донесувањето на одлуките ќе има „Словенска индустрија јекла" (СИЈ), која, по неодамнешната докапитализација од 40 милиони евра, стана најголемиот поединечен сопственик на „Перутнина Птуј".
На присутните им се обрати Роман Гласер кој им се заблагодари на укажаната доверба, во текот на 24-годишното водење на „Перутнина Птуј" и нагласи дека своето знаење и искуство ќе го посвети на понатамошниот пораст и развој на компанијата, како и на нејзината интернационализација.