
Миодраг Јелиќ, генералниот директор на компанијата „Лусафре“ – Србија, од 1 јуни годинава ќе ја преземе должноста генерален директор на „Лусафре“ за пазарите во Србија, Бугарија и Романија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Миодраг Јелиќ, генералниот директор на компанијата „Лусафре" – Србија, од 1 јуни годинава ќе ја преземе должноста генерален директор на „Лусафре" за пазарите во Србија, Бугарија и Романија.
Своето знаење во областите на продажба и маркетинг ги усовршува работејќи како менаџер за развој во „Пепси", а потоа и како менаџер во „Нестле". Работел и во компаниите „Штраус адриатик" и „Лореал". Во 2012 година преминува во компанијата „Лусафре".
Доследноста во донесувањето одлуки и поставувањето на целите, како и постојаната насоченост кон дополнително учење и усовршување, придонесоа за развојот на успешната кариера на Миодраг што трае речиси две децении. Со своето знаење, искуство и енергија, тој ќе придонесе за постигнување подобри резултати во компанијата „Лусафре", стои во соопштението на компанијата.