
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Александар Ружевиќ е именуван на позицијата генерален директор на компанијата „Кока-кола хеленик“ - Србија и Црна Гора. Ружевиќ преминува од позицијата генерален директор на „Пивара Скопје“ која е во заедничко сопствеништво на „Кока-кола хеленик“ и „Хајнекен“.
Александар Ружевиќ е именуван на позицијата генерален директор на компанијата „Кока-кола хеленик" - Србија и Црна Гора. Ружевиќ преминува од позицијата генерален директор на „Пивара Скопје" која е во заедничко сопствеништво на „Кока-кола хеленик" и „Хајнекен".
Александар Ружевиќ во 1998 година му се приклучи на тимот на „Кока-кола", а на позицијата комерцијален директор во Србија работеше од јануари 2006 до декември 2010 година.
Благодарение на исклучителниот успех и на своите лидерски вештини, во 2010 година доверена му е позицијата комерцијален директор за пазарот во Украина, каде што заедно со тимот остварија значителен пораст и развој.
Александар Ружевиќ ќе го предводи тимот од над 1000 луѓе и ќе управува со компанија чија дополнителна вредност во економијата во Србија достигнува 224 милиони евра или 0,7 отсто од БДП. На секое евро што го создава системот „Кока-кола" се создава дополнителна вредност за српската економија во поглед на платите на работниците, профитот на компанијата, даноците и придонесите на фирми со кои соработува, се наведува во соопштението.
Како што соопштува компанијата, во текот на претходните три години, компанијата „Кока-кола хеленик" за Србија и Црна Гора, ја предводеше Роман Вајдингер, кој ја продолжи кариерата надвор од системот „Кока-кола".