
Компанијата ДМ на средината на октомври отвори дистрибутивен центар во Сараево, што претставува една од најзначајните инвестиции во Босна и Херцеговина оваа година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата ДМ на средината на октомври отвори дистрибутивен центар во Сараево, што претставува една од најзначајните инвестиции во Босна и Херцеговина оваа година.
Во опремување на просторот со вкупна површина од 4.600 квадратни метри и капацитет од 7.000 артикли инвестирано е околу 750.000 евра.
ДМ е присутен на босанскиот пазар веќе шест години, а од компанијата велат дека бележат континуиран пораст. Годинава, ДМ ја збогати својата продажна мрежа со осум нови продавници, па така денес на територијата на БиХ има вкупно 48. Освен инвестициите со вкупна вредност поголема од три милиони евра, компанијата отвори 93 работни места во продавниците, магацините и централата, што претставува пораст на бројот на вработени за 32%.
Дамир Шлосел, директор на ДМ за БиХ, истакна: Во фискалната 2011/2012 година, која за нас заврши во септември, остваривме промет над 41,5 милиони евра, што претставува пораст од речиси 14% во однос на минатогодишната фискална година. Овие бројки се резултат на работата на 382 вработени во кои постојано инвестираме со квалитетни програми на едукација, со цел задоволување на над 17.000 потрошувачи, кои, во просек, дневно ги посетуваат нашите продавници.