
Иван Врбиќ, директор за производствени операции во „Загребачка пивовара“, е унапреден на позицијата директор за производствени и логистички операции.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Иван Врбиќ, директор за производствени операции во „Загребачка пивовара", е унапреден на позицијата директор за производствени и логистички операции.

Оваа функција настана со спојување на производствените и логистичките операции во еден сектор.
Со големо задоволство и одговорност ја преземам новата функција – директор за производствени и логистички операции во „Загребачка пивовара". Верувам дека со досегашните искуства и знаење стекнати во водечката домашна пиварница и со подготвеноста за нови предизвици, ќе придонесам за развој на работењето во процесот на планирање на производството и дистрибуцијата на водечките трендови на домашниот пазар, изјави Врбиќ.
Во 2006 година Врбиќ се приклучи на тимот на „Загребачка пивовара", на позицијата процесен инжинер во секторот на производство. Во 2010 година е именуван за менаџер во „Молсон корс" за производство на пиво во Европа, а во 2014 година ја презема позицијата директор за производствени операции.