
Горан Николиќ е новиот директор за продажба во компанијата „Нестле“ во БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Горан Николиќ е новиот директор за продажба во компанијата „Нестле" во БИХ.

Николиќ дипломираше на Економскиот факултет во Загреб, насока финансии. Во 2005 година, тој му придружи на тимот на „Нестле" и веќе девет години е на бројни високи функции во одделот за продажба во „Нестле Адриатик", со седиште во Загреб.
Пред да дојде на новата функција, Николиќ беше две години на специјализација во рамките на интернационалната развојна програма на „Нестле", во седиштето на компанијата – швајцарскиот град Вевеј, каде што беше задолжен за развој на каналите и категориите на продажба.
Тој е најмладиот вработен на „Нестле" во регионот на оваа висока позиција.