
Од септември годинава, Ана Милиќевиќ Вукоје ја презема функцијата – директор за маркетинг и комуникација во „Карлсберг“ – Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од септември годинава, Ана Милиќевиќ Вукоје ја презема функцијата – директор за маркетинг и комуникација во „Карлсберг" – Србија.
Како што е соопштено од компанијата, Вукоје е вработена во „Карлсберг" – Србија од 2011 година и досега работела на позициите бренд-менаџер за интернационални брендови и менаџер за истражување на пазарот.
Освен во стратегијата на премиум брендови, Вукоје беше вклучена и на регионални проекти за развој на Tuborg. Пред вработувањето во „Карлсберг", таа работеше на менаџерски позиции во „Хенкел" и во „Баерсдорф", стои во соопштението.
Освен за Србија, Вукоје ќе биде задолжена и за пазарите во Црна Гора и Босна и Херцеговина.