
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Димо Димов, досегашниот директор за маркетинг во пиварницата „Старопрамен“ во Чешка, којашто е дел од глобалната пиварска групација „Молсон Корс Европа“, од декември е именуван за нов директор за маркетинг на „Апатинска пивара„ и „Требјесе“ од Црна Гора, исто така членка на „Молсон Корс Европа“.
Димо Димов, досегашниот директор за маркетинг во пиварницата „Старопрамен" во Чешка, којашто е дел од глобалната пиварска групација „Молсон Корс Европа", од декември е именуван за нов директор за маркетинг на „Апатинска пивара„ и „Требјесе" од Црна Гора, исто така членка на „Молсон Корс Европа".
Димов на групацијата „Молсон Корс" ѝ се придружил во 2007 година во Бугарија, во пиварницата „Каменица", на позицијата бренд менаџер за локалниот бренд Каменица. Унапреден е на позицијата бренд менаџер за националните брендови во 2008 година, а во 2010 година е именуван за директор за маркетинг. Во октомври 2011 година Димов се преселил во Чешка, каде што во пиварницата „Старопрамен" бил директор за маркетинг за Чешка и Словачка. На таа позиција имал можност да води комплексен асортиман на брендови, вклучувајќи го и Staropramen, а и да биде на чело на тимот што се занимавал со стратешки развој и иновации.
Роден е во 1980 година во Софија во Бугарија. Магистрирал меѓународни економски односи на Универзитетот за национална и светска економија во Софија и дипломирал на стручните специјалистички студиуми за маркетинг на институтот за маркетинг Чартеред во Велика Британија.