
Тијана Петровиќ од 14 септември е новиот директор за маркетинг и за односи со јавноста во „Аман“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Тијана Петровиќ од 14 септември е новиот директор за маркетинг и за односи со јавноста во „Аман".
Доаѓа од местото маркетинг-менаџер во оваа компанија каде што работи од септември 2014 година.
По завршувањето на студиите Петровиќ се вработи во „Аман" каде што со исклучителни ангажирања и вештини придонесе за остварување на подобри резултати на компанијата. Поради сето тоа доверена и е позицијата управување со секторот за маркетинг, ПР и дизајн. Петровиќ со тимот, во кој работат десет луѓе, има задача и во наредниот период, преку маркетинг-акции, да помогне во работењето на компанијата, соопштуваат од „Аман".