
Катарина Буле е именувана за директор за дигитален маркетинг и за медиуми на компанијата „Молсон корс“ за Европа, чијашто членка е „Загребачка пивовара“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Катарина Буле е именувана за директор за дигитален маркетинг и за медиуми на компанијата „Молсон корс" за Европа, чијашто членка е „Загребачка пивовара".
Буле во „Загребачка пивовара" дојде во 2014 година, по работата на различни позиции за дигитален маркетинг во „Випнет". Од пиварницата велат дека од десетгодишното искуство во дигиталното работење, Буле има големо искуство и познавање на интегрираните дигитални маркетинг-комуникации, развојот на дигиталните производи, аналитиката и управувањето со дигиталните проекти.
На новата позиција, таа е одговорна за поставување на стратешните дигитални насоки за крајните потрошувачи и за деловните корисници, како и за нивна имплементација на европските пазари.
По повод именувањето, Буле изјави: Се радувам на новиот професионален предизвик во третата пиварница на светот – „Молсон корс". Верувам дека со долгогодишното искуство и со знаењата од дигиталниот маркетинг, ќе придонесам за нови деловни успеси на компанијата.