
Михајло Јанковиќ е именуван за нов директор на групацијата „Нектар“, еден од најголемите производители на сокови и преработувачи на овошје и на зеленчук во овој дел од Европа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Михајло Јанковиќ е именуван за нов директор на групацијата „Нектар", еден од најголемите производители на сокови и преработувачи на овошје и на зеленчук во овој дел од Европа, во чијшто состав работат компаниите „Нектар", „Хеба" и „Фруктал".

Јанковиќ има повеќе од 15 години работно искуство на клучни раководни позиции во реномирани мултинационални и српски компании, како што се „Бритиш Американ тобако", „Кока-кола", „Књаз Милош" и „Импакт консалтинг".
Со богатото професионално искуство, Јанковиќ ќе придонесе за понатамошно зајакнување на лидерската позиција и на експанзијата на работењето на групацијата „Нектар", која од семејна компанија се разви во водечка регионална компанија во Југоисточна Европа, со годишен промет од повеќе од 115 милиони евра и со извоз во 50 земји низ целиот свет, се истакнува во соопштението.