
Во Ровињ е одржано Главното собрание на „Мирна“, повиканo од страна на акционерите на „Подравка“, кои поседуваат 63,95 отсто од редовните акции.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Ровињ е одржано Главното собрание на „Мирна", повиканo од страна на акционерите на „Подравка", кои поседуваат 63,95 отсто од редовните акции.
Со одлуката на Главното собраниие отповикани од должноста се досегашните членови на Надзорниот одбор на „Мирна" и тоа: Давид Илијевски, член и претседател на Надзорниот одбор, Жељко Бошњак, член и заменик претседател на Надзорниот одбор и Ивана Јагачиќ, член на надзорниот одбор. За нови членови избрани се претставници од „Подравка", Марио Бабуриќ, Бранка Перковиќ и Марина Диминиќ Висинтин.
На собранието донесена е одлука со која за директор на „Мирна" се именува Владимир Буниќ.
По спороведената детална анализа на досегашното работење на „Мирна", „Подравка" ќе ги преземе сите можни законски активности да го спречи можниот стечај на „Мирна". Стратешкиот интерес на „Подравка" претставува ширење на деловната програма на конзервираните риби со посебен акцент на извозот на регионалните пазари.
Познато е дека во својот асортиман „Подравка" го има меѓународно познатиот бренд Eva, што на годишно ниво остварува промет од над 140 милиони куни, односно продава повеќе од 3.000 тони конзервирана риба во различни облици, соопштуваат од „Подравка".
Од компанијата нагласуваат дека одржувањето и јакнењето на позицијата на домашниот пазар и во регионот преку јакнење на продажбата и дистрибутивната мрежа и преку јакнење на односот со купувачите и дистрибутерите се некои од значајните стратешки одредници со кои „Подравка" може да придонесе во идното работење и развој на „Мирна".