
Марија Анаргиру-Николиќ е новиот генерален директор на „Кока-кола ХБЦ“ – БиХ од почетокот на август.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Марија Анаргиру-Николиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на „Кока-кола ХБЦ" – БиХ на почетокот од август. На новата позиција, на која ќе биде задолжена за Словенија, Хрватска и за БиХ, таа доаѓа од местото директор на Секторот за комерцијално работење за Србија и за Црна Гора.
Горда сум што добив можност да бидам на чело на „Кока-кола ХБЦ" – БиХ и да работам со прекрасен тим. Босна и Херцеговина е развиен и предизвикувачки пазар, но сигурна сум дека како и досега, успешно ќе работиме и ќе продолжиме да бидеме значаен дел од општеството и стопанството во државата, изјави Марија Анаргиру-Николиќ.
Таа има богато работно искуство во FMCG-индустријата, а во „Кока-кола ХБЦ" – Србија и Црна Гора дојде во 2010 година. По три години успешно водење на секторот за маркетинг, во 2013 година Анаргиру-Николиќ беше именувана за директор на Секторот за комерцијално работење за Србија и за Црна Гора. За време на нејзиниот мандат беше остварен пораст на бруто-приходите, пораст во сите категории производи, а „Кока-кола" ја зацврсти водечката позиција на српскиот и на црногорскиот пазар, се наведува во соопштението на компанијата.
Марија Анаргиру-Николиќ е добитник на наградата „Бизнис-жена на годината" за иновативност во маркетингот, која во 2012 година ѝ ја додели Клубот на економски новинари на Србија. Таа постојано е ангажирана и посветена на реализиција на општествено одговорни кампањи, проекти и иницијативи, но и на прашањата заклиматските промени и зачувувањето на природните богатства. Анаргиру-Николиќ дипломираше економија на универзитетот „Пиреос" во Грција.