
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По истекот на четиригодишниот мандат на генералниот директор Михаил Јанковиќ, компанијата „Књаз Милош“ објави дека функцијата генерален директор во наредниот период ќе ја спроведува Даниел Боехи, досегашниот директор на концернот „Бамби“.
По истекот на четиригодишниот мандат на генералниот директор Михаил Јанковиќ, компанијата „Књаз Милош" објави дека функцијата генерален директор во наредниот период ќе ја спроведува Даниел Боехи, досегашниот директор на концернот „Бамби".
Даниел Боехи заврши економија на Универзитетот во Цирих, каде го стекна звањето доктор на науки од областа на стратешки менаџмент и маркетинг.
Неговото професионално искуство вклучува работење во бројни светски компании како ИБМ, „Нестле", „Данон" и „Капри-Сон", а на позицијата извршен директор за операции во компанијата „Бамби" е од јуни 2012 година.